26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКличко и Поветкин ќе се сретнат во октомври

Кличко и Поветкин ќе се сретнат во октомври

boks

Русинот Александар Поветкин и Украинецот Владимир Кличко потпишаа договор за борба која ќе се оддржи на 5-ти октомври.

Пресметката меѓу двајцата боксери ќе се одржи во Москва во спортскиот комплекс „Олимпијски“. Во последните денови на јуни Светската боксерска асоцијација (WBA) ги одобри условите на договорот, па така Кличко влегува во битката со титулата „Супер светски шампион“, а пак Поветкин како „Светски шампион“.

Тендерот за правата на оваа борба се оддржа во април месец во Панама. Рускиот промотор Владимир Хрнов со помош на бизнисменот Андреј Рајбински понуди 23 милиони долари и ги доби правата. Распределбата на износот ќе биде по шемата 75/25 во полза на Кличко. Украинецот ќе земе 17 милиони, а Поветкин  6 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП