27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple ќе гради соларна фарма на 55 хектари

Apple ќе гради соларна фарма на 55 хектари

solar-120914-2

„Apple“ има во план да изгради нова фарма со соларни панели покрај градот Рино во државата Невада. Рино е градот каде што е лоциран најновиот дата центар на компанијата.

Новата фарма на соларни панели ќе се простира на околу 55 хектари, а „Apple“ веќе има две фарми со слична величнина во Северна Каролина. Според податоците кои ги објави компанијата, новата фарма ќе биде во можност да испорачува помеѓу 18 и 20 MW енергија, што е слично како и постоечките фарми во Северна Каролина. Се очекува „Apple“ на новиот проект да ја користи и технологијата со огледала кои дополнителната количина на сончеви зраци ќе ја насочува кон панелите.

Според извештаите „Apple“ оваа фарма ќе ја направи со компаниајта „SunPower“ со која соработуваа и за другите две фарми кои се наоѓаат во Северна Каролина. Државата Невада неодамна усвои важни закони кои ја олеснуваат примената на производство на обновливата енергија.

Според планот компанијата „Apple“ има опција оваа фарма во случај на потреба да ја прошири и да се зголеми производствениот капацитет на електрична енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП