25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКои се реалните цени во Будва, доколку се одлучите таму да летувате!

Кои се реалните цени во Будва, доколку се одлучите таму да летувате!

Понекогаш е навистина тешко да се одбере добра локација за летниот одмор, особено ако бараме нешто во близина што нема да ни одземе премногу време за патување. Сепак, за наша среќа, постојат места што навистина вредат (повторно) да се посетат бидејќи нивната убавина со секоја година сè повеќе се зголемува. Овие места исто така и нема да ви бидат голем товар на финансиите, па покрај тоа што ќе си поминете незаборавно, вие и ќе заштедите.

Ако сте љубители на Јадранот, тогаш Будва е најдобриот избор за вас. Иако деновиве беа објавени информации за нереално високи цени, Туристичката организација на Будва, истите ги демантира, и информира како се движат цените во ова туристичко место.

  • Приватни соби со бањи – од 7 евра нагоре (во зависност од квалитетот на собата)
  • Семеен стан (2 + 2) – од 35 евра на ден, нагоре
  • Сместување во хотел со 3 ѕвездички во двокреветна соба (со вклучен доручек) – од 35 евра по лице, нагоре
  • Дневни оброци во рестораните – од 3.80 до 5.00 евра
  • Полупансион (доручек и вечера) во многу ресторани – 9-12 евра
  • Часовник за паркирање – 0,60 – 1,50
  • Кревети и чадори – од 7 евра нагоре (по 17 часот нема надомест)

Во прилог уште неколку интересни информации:

– сончево и топло време се очекува во следните 10 дена;

– квалитетот на водата на сите плажи е од првата категорија;

– 14 плажи во Будва се со сини знамиња, што претставува симбол за највисоките еколошки стандарди;

Петровачка ноќ – 23 август (регионална поп-ѕвезда)

Етнички вечери – од 2 јули до 29 август

Фестивал на дуомо-оркестри – почетокот на септември

Фестивал на плажа – Рафаиловичи – 15-ти септември

Прекрасна обала, убавото море, прекрасни плажи, сонце, убави луѓе… не е случајно што Будва и будванската ривиера важат за едно од најпривлечните туристички места! Ридестите предели, монументалната архитектура, прекрасните домашни вина и храна, живописни плоштатчиња се само дел од нештата што ја прават Будва прекрасна.

Во близина на Будва се наоѓа и Свети Стефан, некогаш рибарско село, кое денес е едно од најлуксузните летувалишта во Црна Гора, и воопшто на Јадранското море. Многу познати светски имиња од светот на филмот, музиката, дипломатијата, спортот и културата овде ги поминуваат своите летни одмори.

Околу Будва има бројни мали села кои вреди да се посетат – со фантастична архитектура, тесни улички богати со цвеќе, убави цркви, и неверојатен поглед на море – тие претставуваат уживање за сите сетила. “Будванската ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот (Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан…)

Списокот на убавини што можете да ги видите во Будва и регионот околу неа е долг, но она што е сигурно е дека овој медитерански рај нема да ве остави рамнодушни.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП