20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПознатата модна куќа подготвува пресврт: Нема повеќе трендовска облека, ќе прави облека...

Познатата модна куќа подготвува пресврт: Нема повеќе трендовска облека, ќе прави облека која трае

Шпанскиот бренд Zara зад којa стои еден од најбогатите луѓе во светот, милијардерот Амансио Ортега, подготвува пресврт кој би требало да го направи одржлив.

Како што објави Vogue, Пабло Исла, извршен директор на Inditex, ќерката на Ортега,Марта и неименуван член на тимот за дизајн на Zara, одржаа неодамна состанок на кој разговарале за таа тема.

2019 година донесе голема промена во Zara, во јануари овој светски познат синџир на малопродажна брза мода го промени логото кое доживеа поделени реакции, а сега планира да развие стратегија за прилагодување на неговиот бизнис на современите принципи како што е – одржливост.

Zara повеќе се фокусира на облека која ќе трае неколку сезони наместо на трендовска облека.

Стануваат се повеќе фокусирани на безвременски парчиња кои можат да ја формираат основата на нечија гардероба.

На пример, капут направен од висококвалитетна волна која е изработена од рециклирани влакна, или фустан од високо квалитетна италијанска свила.

До 2025 година во Zara се надеваат дека нивните колекции ќе бидат направени од 100 проценти одржлив памук и 100 проценти рециклиран полиестер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП