24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПо топлотниот бран, на Алпите се создаде езеро на 3.000 метри надморска...

По топлотниот бран, на Алпите се создаде езеро на 3.000 метри надморска височина

Човекот кој се искачи на француските Алпи кон крајот на јуни, сними неверојатна но и загрижувачка фотографија.

Како што известува „Индепендент“, планинарот Брајан Местре бил шокиран кога во пределот на Мон Блан открил езеро на околу 3.400 метри надморска височина.

https://www.instagram.com/p/BzVH4_loWGx/?utm_source=ig_web_copy_link

Местре објави фотографија на „Инстаграм“, истакнувајќи дека во тоа подрачје се качил само десет дена откако неговиот колега Паул Тодхунтер се искачил на истото место за кое рекол дека било покриено со снег.

https://www.instagram.com/p/BzVhaKxhW-E/?utm_source=ig_web_copy_link

Во периодот помеѓу нивните две качувања се случи еден од најсилните топлински бранови во Европа, кој го погоди и подрачјето каде што двајцата се качија.

И регионот Монблан го собори својот рекорд во тие денови и забележа температура од 9,3 °C.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП