19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСега и официјално: Ова е новиот Samsung Galaxy Note 10(фото)

Сега и официјално: Ова е новиот Samsung Galaxy Note 10(фото)

Само десет дена откако беше објавена првата неофицијална фотографија на новиот Samsung Galaxy Note 10+, се појавија првите официјални рендери на овој премиум уред.

Во објавената слика можете да го видите “обичниот” Galaxy Note 10 модел. За разлика од “постариот брат”  Galaxy Note 10+, кој доаѓа со 6,7-инчен екран, тој е опремен со помал 6,3-инчен дијагонален екран.

Телефонот прикажан тука има сребрено-сино-бели нијанси кои се преливаат, и кој доаѓа со S-Pen електронско пенкало со сина боја.

Иако официјално се уште не е познато во кои бои ќе бидат достапни мобилните телефони на Galaxy Note 10, објавите на социјалните медиуми сугерираат дека може да бидат само две бои (Classic Black и Gradient Silver).

Многу е веројатно дека во наредните денови ќе има многу најави за оваа и за други теми поврзани со новите Galaxy Note 10 телефони се до 7-ми август и традиционалниот настан Samsung Unpacked, кога новите модели ќе бидат официјално претставени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП