19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСпецијален одмор за оние кои сакаат мир

Специјален одмор за оние кои сакаат мир

Aman групацијата на хотели е една од ретките угостителски групации кои внимателно организираат смирувачки искуства и особено се обраќаат на љубителите на патувањето кои сакаат духовен одмор…

Прекрасно наречена Journey to Peace, програмата на Aman групацијата која трае шест ноќи, а ќе се одржи од 24 октомври до 28 ноември, ќе ги охрабри гостите кои воопшто се во потрага по нивен личен мир. Овој аранжман ќе го води тибетскиот Lama Master, Геше Јонг Донг на четири избрани имоти. Имотите кои се избрани да учествуваат во оваа приказна се многу блиску еден до друг и се наоѓаат во југоисточна Азија.

Геше Јонг Донг ќе ги воодушеви гостите со сесии на дискусија за античките лекции на Bon Tibetan традиција. Целата програма е дизајнирана за луѓе кои бараат мир и внатрешна состојба на среќа. Секој ден програмата ќе се фокусира на еден од петте концепти кои ултимативно ќе го променат умот на посетителите, овозможувајќи им да живеат поздрав и посреќен живот.

Гостите можат да изберат шест ноќевања во едно одморалиште, да комбинираат два или повеќе, или да се приклучат на програмата од 24 ноќевања на сите четири локации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП