25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSkype со нова верзија за Android

Skype со нова верзија за Android

gsmarena_001

„Skype“ за „Android“ е веќе инсталиран на повеќе од 100 милиони уреди со платформата на „Google“. За да одбележат јубилејот, програмерите на најпопуларниот сервис за гласовни и текст разговори претставија целосно преработена апликација.

„Skype for Android 4.0“ е целосно нова апликација според зборовите на нејзините творци. Неговиот код е препишан од почеток до крај и ги комбинира веќе познатите услуги со бројни оптимизации и подобрувања на целокупната работа.

Меѓу главните цели биле да се забрза вчитувањето на апликацијата, како и нејзината работа. Подобрена е стабилноста и е оптимизирана специјално за мобилни уреди, за да ги штеди ресурсите.

Интерфејсот е исто така надграден. Главната цел во случајот е тој да биде интуитивен и побрзо да им обезбедува пристап на корисниците до најважните функции – започнување на разговор, било да е тоа видео или текст.

Новата верзија на „Skype“ веќе е достапна во „Google Play“. Како и секогаш, апликацијата е бесплатна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП