29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНовиот Waldorf Astoria Hotel ги воодушевува гостите

Новиот Waldorf Astoria Hotel ги воодушевува гостите

Флорида привлекува туристи од целиот свет благодарение на нејзиното совршено време, прекрасните плажи и неверојатниот ноќен живот…

Сепак, судејќи по се – The Reach – Waldorf Astoria одморалиштето, станува уште една од причините зошто луѓето ја избираат оваа дестинација. Сместено на единствената приватна плажа во Ки Вест, овој шармантен хотел ветува релаксиран пристап кон луксуз, кој сам по себе е ексклузивен.

Услугите кои ги нуди хотелот најдобро кажано се неверојатни, а резултатот е она што го очекуваме: совршено задоволство. Седум категории на соби и пет категории на апартмани се нудат на патниците со широк спектар на избор, а меѓу другото, има и соби со поглед на океанот, тропски базен и градина. Смирувачки бои, мебел направен по мерка и приватни дворови се само врвот на ледениот брег на бескрајната листа на опции и придобивки кои тука се во понудата.

Кога ќе огладнете, Spencer’s by The Sea ќе ви понуди искуство на обединување кое засекогаш ќе го паметите, без разлика дали се работи за доручек, ручек или вечера. Ќе имате можност да уживате во вашата омилена храна и прекрасен поглед на океанот.

Што се однесува до активностите на локацијата, во понудата се нудат возбудливи активности во вода и надвор од неа. Меѓутоа, ако сте во срцето романтични, веројатно ќе го цените целиот труд кој овој хотел ќе го вложи за да доживеете одмор за памтење. Што велите за одмор на плажа и совршено зајдисонце?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП