19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто би требало да избегнувате банани за доручек?

Зошто би требало да избегнувате банани за доручек?

Нема никакво сомнение дека бананите се здрави. Содржат многу калиум, магнезиум и влакна. Меѓутоа, експертите не ги препорачуваат за доручек, а еве и зошто.

Бананите содржат 25 проценти шекер кој брзо го зголемува нивото на инсулин. Последица: станувате уморни и многу брзо огладнувате!

Значи, ако наутро на работа за доручек изедете банана, тоа негативно ќе влијае на нивото на вашата енергија. Покрај тоа, сигурно ќе бидете “лудо” гладни па ќе барате некои (најчесто нездрави) закуски во вашата канцеларија или ќе одите до блиската продавница по некоја “брза храна”.

Меѓутоа, имаме и добри вести: ако не сакате да се откажете од бананите во утринските часови, тогаш комбинирајте ги со здрави масти, зачини или зачински билки кои не го креваат инсулинот ”до небо”. На пример, со кокосов путер, бадеми или чиа семиња. Така ќе се неутрализира киселината од бананата, а ќе бидат искористени придобивките од калиумот, влакната и магнезиумот – без да ви се качи шекерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП