Летото е период за патување, а има места и дестинации кои за туристите се особено привлечни. Но, најубавиот белгиски град воведува посебни мерки со цел да не се претвори во нов Дизниленд, објасни тамошниот градоначалник.
Станува збор за Бриж, кој нема да можете да го посетите кога ќе посакате бидејќи градските власти го ограничуваат бројот на туристи.
Имено, на пристаништето веќе нема да можат да бидат врзани повеќе од два крузера истовремено, а досега можеше да има дури пет. Пристигнувањето на бродовите ќе се договара исклучиво за работни денови, а не за викенд, најавија градските власти.
Минатата година Бриж, познат како градот од бајка, го посетиле повеќе од осум милиони туристи.