5 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИЕвакуација во Калифорнија, паника во седиштето на Facebook, двајца вработени изложени на...

Евакуација во Калифорнија, паника во седиштето на Facebook, двајца вработени изложени на смртоносен отров

Двајца вработени во компанијата Facebook се изложени на сарин во седиштето на зградата во Калифорнија, објави Sky News. Како што се наведува, инцидентот се случил во собата за пошта.

“Имаме две можни изложености, но во моментов не покажуваат никакви знаци или симптоми”, изјави Џон Џонстон од локалната противпожарна единица.

Компанијата на познатата друштвена мрежа има уред кој може да открие опасни материи. Токму таа машина ги информирала вработените.

Портпаролот на Facebook, Ентони Харисон, изјавил дека по откривањето на сомнителната пратка четири згради биле евакуирани, како и дека полицијата во моментов спроведува истрага.

Засега, како што додаде тој, три од четирите евакуирани згради биле темелно истражени и е дадено зелено светло да се вратат вработените.

Инаку, сарин е високо токсично хемиско оружје кое може да убие во рок од неколку минути и е 26 пати по смртоносно од цијанид. Се работи за отров кој го напаѓа човечкиот нервен систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП