20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа сите спијачи: Научниците потврдија зошто попладневното спиење е добро за здравјето!

За сите спијачи: Научниците потврдија зошто попладневното спиење е добро за здравјето!

Одлична вест за оние кои сакаат попладне да се опуштат…

Попладневното спиење е добро за здравјето, открила грчка студија спроведена во болница на 212 пациенти со висок крвен притисок. Истражувачите дошле до заклучок дека попладневниот сон го намалува крвниот притисок и ризикот од срцев удар, што за сите попладневни спијачи е одлична вест!

Преку истражувањето било откриено дека оние кои спиеле во попладневните часови имале помал притисок по спиењето отколку порано.

“Попладневниот сон може да го намали крвниот притисок подеднакво како и другите промени во начинот на живеење”, изјавил д-р Манолис Калистратос, еден од авторите на студијата.

На пример. со намалување на употребата на алкохол и сол, крвниот притисок може да се намали за три до пет милиметри на живата (мерна единица за мерење на телесна течност), а пад на крвниот притисок за два милиметри на живата може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести за десет проценти, велат експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП