23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКрипто плановите на Facebook ги дигна на нозе банките во еврозоната

Крипто плановите на Facebook ги дигна на нозе банките во еврозоната

Еврозоната би можела да има платен систем кој ќе го споделуваат сите банки во Унијата до крајот на 2020 година, како што велат од индустријата.

Плаќања во реално време се извршуваат во валутниот блок на19 земји од 2017 година, но само половина од банките во еврозоната се приклучија на шемата во рамките на овие трансакции и воглавно се користат за домашни плаќања.

Проектот сега може да се забрза бидејќи банките ги погоди топлината на новите конкуренти како што е Facebook, кој минатата недела го претстави планот за криптовалутата кој би понудила уплати на корисниците низ целиот свет.

“Часовникот отчукува”, изјавил Етиен Гос, генерален директор на Европскиот совет за плаќања (EPC), обединувајќи ги големите европски банки, вклучувајќи ги шпанската Santander, Deutsche Bank и француската Societe Generale Group.

Гос изјавил дека без оглед на успехот на Facebook, со неговото преминување на плаќање, големите технолошки компании се тука да останат, а на банките им се потребни побрзи движења.

Изјавил дека големите технолошки компании имаат предност што се глобални, за разлика од фрагментираните европски банкарски индустрии.

“Потрошувачите бараат одлично решение”, изјавил Гос, кога бил запрашан за влијанието на планот на Facebook за крипто валутата Libra. “Значи, немаме време”.

Шеесет проценти од кредитокорисниците и давателите на услуги за плаќање во еврозоната го прифатија EPC стандардот за инстант плаќања, изјавил Гос, додавајќи како тоа би можело да се прошири на сите банки до крајот на 2020 година.

Без целосна покриеност, некои банкарски клиенти би можеле да доживеат неуспеси во трансакциите, што би ја намалила довербата во новата услуга, изјави уште еден официјален претставник на EPC…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП