Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,797.55 -0.38%    GRNT 1,026.84 -2.51%    KMB 5,605.21 -0.09%    MPT 71,273.31 -3.55%    RMDEN18 98.70 -0.15%    RZUS 83.00 -7.78%    SBT 2,500.00 -1.34%    STB 1,158.97 -2.6%    STIL 100.67 1.08%    TEL 300.00 -1.31%    TTK 1,431.43 2.46%    UNI 2,277.50 1.22%    

NLB Pay – прв и единствен мобилен паричник на пазарот кој ги интегрира Visa и MasterCard картичките

Време: 13:15

Датум: јуни 24, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

НЛБ Банка е прва и единствена банка на пазарот која ги интегрира двата картични бренда Visa и MasterCard во мобилниот паричник NLB Pay. Оваа нова и единствена функционалност овозможува да ги дигитализирате сите Visa и MasterCard платежни картички издадени од НЛБ Банка во мобилниот паричник NLB Pay и да плаќате бесконтактно, само со доближување на мобилниот телефон до ПОС терминал во земјата и во странство.

„Фокусот на НЛБ Банка е секогаш да биде прва банка на пазарот која на иновативен начин ќе одговори на потребите и барањата на своите клиенти. Пред една година го воведовме мобилниот паричник NLB Pay со дигитализација на MasterCard картичките, а денес сме горди што можеме  да одговориме позитивно на барањата на нашите клиенти со воведување и на Visa картичките. Отсега ќе може да ги дигитализирате сите картички издадени од НЛБ Банка во NLB Pay мобилниот паричник. Плаќањето е лесно, бесконтактно и безбедно и се реализира само со доближување на мобилниот телефон до ПОС терминал.“, изјави Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

NLB Pay мобилниот паричник е мобилна апликација наменета за корисниците на платежни картички издадени од НЛБ Банка, кои поседуваат мобилен уред со Android оперативен систем кој поддржува NFC технологија.  NLB Pay мобилниот паричник овозможува бесконтактни плаќања на ПОС терминали во земјата и во странство. Инсталирањето на NLB Pay мобилниот паричник, дигитализацијата на картичките и користењето на услугата се бесплатни.

Апликацијата е достапна за преземање на Google Play store на следниот линк

Со воведувањето на оваа услуга, НЛБ Банка продолжува да ги следи светските трендови на поедноставување и приближување на банкарските услуги кон своите клиенти. Мобилните банкарски услуги со својата достапност, едноставност, брзина и безбедност при користењето, на клиентите им овозможуваат заштеда на време и средства, им даваат можност да ги завршат своите банкарски обврски 24 часа на ден, 7 дена во неделата.

Повеќе информации можете да добиете на следниот линк

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Дигитализацијата на вашиот бизнис е вистинско „оружје“ во борбата против конкуренцијата

    Дигитализацијата на вашиот бизнис е вистинско „оружје“ во борбата против конкуренцијата

    Развојот на технологијата ги смени нашето секојдневие и начинот на живот, но и начинот на водење бизнис. Се менуваат деловните процеси, структурата и на човечките…

  • Deutsche Bank призна дека во 2002 година ги поткупувала кинеските власти

    Deutsche Bank призна дека во 2002 година ги поткупувала кинеските власти

    Deutsche Bank давала скапи подароци на кинеските власти кога се обидуваше да се наметне како главен играч во финансиската индустрија во Кина, пренесуваат медиумите. Германски…

  • А1 Македонија – домаќин на А1 Дигитална конференција 2019!

    А1 Македонија – домаќин на А1 Дигитална конференција 2019!

    На тема „Дигитализирај го твојот бизнис: Обликувај ја иднината! Европските искуства во Македонија“, денес А1 Македонија беше домаќин на А1 Дигитална конференција 2019, на која…

  • Компанија за мобилно банкарство го тужи Facebook поради кражба на логото

    Компанија за мобилно банкарство го тужи Facebook поради кражба на логото

    Откако Ebay, Visa и Mastercard ја повлекоа поддршката за Libra, Facebook се соочува со уште еден предизвик во врска со оваа криптовалута. Current, компанија за мобилно банкарство…

  • МИ-ДА Гранд Моторс на нова, модерна локација и со нова понуда

    МИ-ДА Гранд Моторс на нова, модерна локација и со нова понуда

    Новиот дом на Ford Македонија по премиум стандарди Овластениот импортер и сервисер на возилата од марката на Ford, МИ-ДА Гранд Моторс, започна со работа на…

  • Top 10 премиум проекти на Лимак!

    Top 10 премиум проекти на Лимак!

    Една од најголемите градежни компании во светот Лимак, го гради во Скопје мултифункционалниот комплекс Diamond of Skopje. Слободно можеме да кажеме дека во нашата историја…

  • Сите канцеларии на Thomas Cook ги купува неговиот најголем ривал

    Сите канцеларии на Thomas Cook ги купува неговиот најголем ривал

    Сите 555 канцеларии на туристичката агенција Thomas Cook се префрлаат во рацете на ривалот Hays Travel. Со овој потег ќе бидат спасени 2.500 работни места. Независната туристичка…

  • Нов пропуст: Twitter ги користел телефонските броеви на корисниците за рекламни цели

    Нов пропуст: Twitter ги користел телефонските броеви на корисниците за рекламни цели

    Twitter им се извини на корисниците бидејќи „ненамерно“ ги користел во маркетинг цели телефонските броеви и електронските адреси кои се запишани поради заштитa на акаунтите.…

  • А1 Македонија ја одбележува Светската недела за грижа на корисниците

    А1 Македонија ја одбележува Светската недела за грижа на корисниците

    Како компанија водена од премисата што поблиску до своите корисници кои секогаш се во фокусот на вниманието, А1 Македонија jа одбележува Светската недела за грижа…

  • Еуростандард Банка ја воведува првата припејд подарок-картичка на нашиот пазар

    Еуростандард Банка ја воведува првата припејд подарок-картичка на нашиот пазар

    За прв пат во земјата, Еуростандард Банка АД Скопје воведува нова Mastercard PrePaid подарок-картичка која со своите карактеристики и можности е уникатна и единствена картичка…