12 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFirefox OS доаѓа со значајни апликации

Firefox OS доаѓа со значајни апликации

firefox

Мобилниот оперативен систем „Firefox OS“ кој компанијата „Mozilla“ има во план да го претстави на пазарот до крајот на годината, најверојатно на корисниците ќе им понуди некои многу атрактивни апликации.

Имено на претстојната програмерска конференција која наскоро ќе се оддржи во Индија би требало да бидат прикажани апликации слични на „WhatsApp“ и „Angry Birds“ како работат на оваа мобилна платформа, иако засега нема официјална потврда за тоа.

Некои медиуми објавија дека платформата ќе биде прикажана на уредите кои доаѓаат од некои индиски производители, што ни укажува на тоа дека  портфолиото на паметните телефони базирани на „ Firefox OS “ кои се градат во овој момент, е поголемо од првичните очекувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП