8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев го продолжи договорот со Џенова

Пандев го продолжи договорот со Џенова

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев потпишал нов договор со Џенова, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.

Триесет и петгодишниот Пандев ќе игра уште една сезона за калчолигашот по што ќе ја заврши кариерата.

Во сезоната што заврши, македонскиот фудбалер настапи на 28 натпревари за Џенова во сите натпреварувања, постигна четири погодоци и оствари три асистенции.

На Пандев следната сезона ќе му биде 18-та во Серија А.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП