29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИзненадување на Гренланд: Кучиња влечат санка преку стопениот мраз

Изненадување на Гренланд: Кучиња влечат санка преку стопениот мраз

Пространството кое обично е рамен бел мраз бил покриен со вода, што е последица на поплавена ледена покривка.

Стефен Олсен, научник од Данскиот метеоролошки институт, бил на рутинска мисија во северозападниот дел на Гренланд за да ги пронајде океанографските и метеоролошки апарати кои неговите колеги ги поставиле на мразот, но наишол на проблем, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на американската мрежа CNN.

Имено, не можел да ги најде – пространството кое обично е рамен бел мраз, бил покриен со вода, што е последица на поплавување на гренландската ледена покривка, втора по големина на планетата.

Неверојатната фотографија, кучиња кои влечат санка на вода, кој ја направил Олсен, брзо станала вирална и се придружила на сликите на гладни поларни мечки, ослабени глечери, насукани моржеви и езера кои се исушиле во мрежата на докази за моменталната климатска катастрофа, оценува CNN.

Менхетен под вода

Олсен на Твитер напишал дека заедниците на Гренланд – главно автохтони жители – “се потпираат на морскиот мраз за транспорт, лов и риболов”.

Тие ќе бидат меѓу првите погодени од стопената ледена покривка, но последиците нема да останат ограничени на Гренланд или дури на Северна Америка.

Научниците предвидуваат рекордно годишно топење на ледената плоча на Гренланд веќе со месеци, а количеството на мраз кој исчезна, сугерира дека се во право и дека наскоро наместо кучињата, жителите на Манхетен би можеле да се најдат во вода до стојалиштата, наведува CNN.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП