4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот туристички центар Soneva Gili

Луксузниот туристички центар Soneva Gili

so1

Оние кои престојуваат во луксузниот „Soneva Gili“ на Малдивите имаат можност комплетно да се опуштат и да уживаат во луксузните поволности. Тоа, сепак, воопшто не е тешко во овој тропски рај, затоа што веднаш штом стигнете тука, лесно се заборава на остатокот од светот.

Туристичкиот центар „Soneva Gili“ се наоѓа на еден од многубројните малдивски корални островчиња до кој може да се стигне само со брод. Тоа е извонредно место да се побегне од светот и од секојдневните обрски и работни задачи.

Составен е од вкупно 45 вили меѓусебно поврзани со дрвени мостови карактеристични за егзотичните острови. Секоја од вилите е огромна и има свој базен оддалечен само неколку чекори од кристално бистриот океан.

Освен во бесконечното излежување, гостите можат времето да го поминуваат во нуркање, јога или часови по таи чи организирани за нив, а можат да ги посетат и неколкуте станици за масажа распоредени на плажата на големиот атол.

Една ноќ помината во овој туристички центар ќе ве чини 790 американски долари.

so2

so3

so4

so5

so6

so7

so8

so9

so10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП