25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОдењето на годишен одмор е исклучително добро за срцето и умот

Одењето на годишен одмор е исклучително добро за срцето и умот

Научниците дошле до откритие дека годишниот одмор, било да е летен или зимски, е исклучително добар за срцето и умот. Истражувањата спроведени во текот на годините укажуваат на тоа дека празниците и одвојување од стресни дневни рутини се многу повеќе од фотографирање и купување на сувенири и дека тие носат и очигледна корист за здравјето.

Последното истражување следело мажи во 50-тите години и тоа во текот на девет години и заклучиле дека оние кои земаат повеќе годишни одмори се помалку подложни на смрт од кардиоваскуларни причини, вклучувајќи срцеви удари. Други анкети и истражувања го поврзувале одморот со  помала депресија, намален стрес и подобра општа благосостојба.

Д-р Ананд Рохатги, кардиолог, изјавил дека се потребни повеќе истражувања на оваа тема, но дека оваа теорија има смисла.

“Тоа се претежно опсервациони студии, но луѓето кои земаат помалку одмор се обично под стрес и имаат повеќе здравствени проблеми. Ако не земете време за себе да се одморите, нема да можете добро да се снајдете и можеби ќе бидете повеќе склони кон повреди, воспаленија, но и на сериозни болести”.

Една од пречките за донесување на конечни заклучоци, изјавил тој, дека е тешко во издвојување на проблемите од одмор, од било кој други фактори кои негативно влијаат врз здравјето.

“Луѓето кои ќе се одлучат да одат или кои имаат прилика да имаат повеќе одмор може да бидат различни во однос на здравјето од луѓето кои не одат. Но, тоа може да биде поврзано со бизнис или финансиски статус, не само за самиот одмор”, изјавил Рохати.

Сепак, кардиологот вели дека советува пациенти, особено оние со проблеми со срцето, да се намали стресот и да се зголеми употребата на слободното време, како дел од оваа стратегија.

“Стресот може да го зголеми крвниот притисок, може да го забрза пулсот, може да предизвика аритмија или влошување на било кој од овие состојби. Постојат јасни кардиоваскуларни импликации за одржување на балансот и намалување на стресот. На нив морате да работите секојдневно. Морате правилно да го користите тој одмор”, изјавил Рохатги.

Исто така, тоа што го правите професионално и како јадете може да направи разлика.

“Целта е да се обидете да го направите вашиот одмор сличен на вашите нормални навики во исхраната. Одржувајте редовни оброци кои се движат од четири до шест часа и задолжително јадете ужина за да не бидете премногу гладни во било кој момент”, изјавила Андреа Д’Амбросио, нутриционистка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП