27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВо служба на здравјето и убавината: Знаеме дека оризот е здрав, но...

Во служба на здравјето и убавината: Знаеме дека оризот е здрав, но водата во која се готви е вистинската работа

Оризот е еден од најмногу користените намирници низ целиот свет. Водата која останува по зготвениот ориз долги години наназад се користи за поубава кожа и коса и е одличен извор на енергија.

За да добиете оризова вода, потребно е при готвење на ориз да ставите повеќе вода отколку ориз. Можете да истурете 2 до 3 лажици ориз на 2 чаши вода. Гответе 20-30 минути, додека водата не стане млечно бела. Можете да користите обична вода од чешма или продавница. Не додавајте никакви зачини, сè што ни треба од оризот е скроб. После тоа, исплакнете го оризот, водата истурете ја во некој сад и оставете да се излади. Најдобро е оризовата вода да ја ставите во стаклена тегла со капак, и во фрижидер можете да ја држите до 4 дена.

Оризовата вода е богата со јаглени хидрати, така да можете секое утро да испиете чаша оризова вода и така да ја зголемите енергијата. Оваа вода е добра и против дехидрација, помага во случај на инфекција, го регулира високиот крвен притисок.

Ако сакате вашата кожа на лицето да биде поубава и поздрава, потребно е да го измиете лицето со оризова вода и таа ќе ја направи кожата помека, хидрирана и ќе делува како антиоксиданс. Одлична е за замена за тоник, помага да се намалат порите на лицето. Се препорачува кај кожа склона на акни бидејќи ја смирува и ја лади.

Оризовата вода, исто така е одлична и за коса, делува како длабок балзам и ја омекнува. Се препорачува по шампонирање, темето да се измие со оризова вода и да се измасира кожата на главата, повторно нанесете шампон и исплакнете. На оштетената коса и го враќа сјајот и ја зголемува еластичноста на косата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП