18 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕШкотски мореуз крие древен метеорски кратер?

Шкотски мореуз крие древен метеорски кратер?

Научниците сметаат дека дошло веме за целосен геофизички преглед на Минч, за да се види дали шкотскиот мореуз крие древен метеорски кратер.

Идејата, дека таква структура се наоѓа помеѓу западните острови и копното на Шкотска, првпат била спомената во 2008 година. Научниците откриле докази на бреговите на Шкотските карпи во камени остатоци кои биле создадени под огромен удар.

Сега, тим од Оксфорд и Абердин Универзитетот веруваат дека може да се одреди каде вселенскиот објект паднал на Земјата. Пишувајќи за дневниот весник Геолошко друштво, д-р Кен Амор и неговите колеги велат дека оваа локација е сместена околу 15 до 20 километри западно од заливот Ендат – дел од патот преку Минч до Сторнове.

Објектот би бил закопан длабоко под морскито дно, додаваат тие. Тоа е интригантна перспектива, пишува BBC. До сега собраните докази сугерираат дека тоа се случило пред околу 1,2 милијарди години кога континентите биле уредувани многу различно од сегашните, а животот на нашата планета би постоел речиси исклучиво во океаните.

Клучен доказ кој тоа го потврдува е групата на црвенокастни карпи на источната страна на Минч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП