27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе исуши дрвото на пријателство на Трамп и Макрон

Се исуши дрвото на пријателство на Трамп и Макрон

Дабовото дрво, кој американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот француски колега Емануел Макрон заедно го засадија на тревникот на Белата куќа, како симбол на пријателство меѓу двете земји, се исушило, известуваат денес француските медиуми.

Макрон младиот даб го подари на Трамп за време на официјалната посета на Вашингтон во април минатата година во знак на сеќавање на битката во Првата светска војна во Франција во 1918 година, во која загинале околу 1.800 американски маринци, пренесува The Independent.

“Дрвото пред Белата куќа ќе биде потсетник на нашите врски”, тогаш изјави Макрон.

Дрвото, според наводите на медиумите, морало да биде ставено во карантин, според американскиот закон, задолжително за секој увезен жив организам, а во тоа време објаснил дека повторно ќе биде засадено.

Меѓутоа, во меѓувреме младиот даб се исуши.

Несреќната метафора доаѓа во момент на заладените односи помеѓу Трамп и Макрон поради несогласувањата околу климатските промени, Иран и Европската армија, наведува The Indipendent.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП