26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинескиот суфицит во трговијата со САД скокна и покрај трговската војна

Кинескиот суфицит во трговијата со САД скокна и покрај трговската војна

Кинескиот надворешен трговски суфицит скокнал во мај на месечно ниво за 79 проценти на 41,7 милијарди долари, објави кинеската управна царина.

Извозот во мај се зголемил за 1,1 проценти на 213,8 милијарди долари, додека увозот паднал за 8,5 проценти на 172,2 милијарди долари, пренесува агенцијата AP.

Падот на увозот е одраз на слабата домашна побарувачка, велат аналитичарите, додека истовремено растот на извозот сите ги изненадил со оглед на влошувањето на трговскиот спор со Соединетите Држави во кои двете земји ги зголемиле царините на заедничкиот увоз на производи.

Кина во мај, исто така, забележа суфицит во трговската размена со САД од 26,89 милијарди долари во однос на априлското ниво од 21,01 милијарди долари, покажуваат царинските податоци.

Во набљудуваниот месец, на американскиот пазар е извезена кинеска стокa во вредност од 37,7 милијарди долари, а увезени од САД за 10,8 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП