29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНа здравје: Омлет од 1.000 и хамбургер од 5.000 долари

На здравје: Омлет од 1.000 и хамбургер од 5.000 долари

World's Most Expensive Omelette

Ако некогаш сте се запрашале, кои хотели имаат најскапо мени на светот и што тоа подразбира, одговорот ви го дава „Хуфингтон Пост“. Еве го списокот на хотели кои имаат најскапи оброци на светот и кои ретко кој може да си ги дозволи.

Омлет со јастог

За 1.000 долари, хотелот „Ла Паркер Меридиен“ ви го нуди најскапиот омлет со јастог. Во една порција има шест јајца, јастог и речиси 300 грама кавијар. За оние кои не се подготвени да ја „истресат“ оваа сума за еден доручек, постои и поповолна варијанта – омлет со јастог и 30 грама кавијар, а сето тоа за „само“ 100 долари.

Пијалок од 10.000 долари

Хотелот „Алгонквин“ во својата понуда има пијалок од 10.000 долари! Станува збор за Мартини со лед, но не се сервира со маслинка, туку со дијамант. Пијалокот се послужува на сребрен послужавник, а келнерот задолжително носи бели ракавици. Доколку сакате да уживате во овој пијалок, морате да го нарачате 72 часа порано.

Хамбургер со црни тартуфи

Најскапиот хамбургер на светот се прави во „Менделеј Беј Ресорт и Казино“. Овој хамбургер го смислил познатиот готвач Хуберт Келер, а сите што го купуваат добиваат службена потврда дека го пробале. Хамбургерот се прави од говедско месо со неколку додатоци како што се црни тартуфи, а цената може да стигне и до 5.000 долари, ако со него се сервира и врвно вино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП