24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНа Урал пронајден смарагд од 1,6 килограми

На Урал пронајден смарагд од 1,6 килограми

Во текот на изминатите 30 години во Свердловската област во Русија ископани се многу смарагди. Сепак, никој не тежел 1,6 килограми! Ретко голем скапоцен камен бил пронајден на територија на наоѓалиштето Марински.

Марински Приск е единствено наоѓалиште на смарагд во Русија во Свердловската област.

“Ова е најголемиот смарагд пронајден во земјата во последните 30 години. Еден смарагд чија тежина надминувала два килограми бил ископан во 1990 година. После тоа, најголем бил каменот од 1,54 килограми, пронајден во 2018 година”, се наведува во соопштението на локалните власти, пренесува TAS.

Рударите пронашле рекордно голем камен во окното на околу 260 метри длабочина.

“Ова е природен примерок, единствен не само по големината туку и по кристалната форма. Експертите го сместувале смарадгот во друга група по боја (зелена), а поради природните пукнатини сместен е во трета категорија”.

Смарагдот е првокласен скапоцен камен кој е во истата група со дијаманти, сафири и рубини. Во Русија се смета како вид на валута, без разлика дали се обработени или не.

Кристалите пронајдени во Урал важат за најквалитетни и најскапи во светот, бидејќи се одликуваат со карактеристична длабоко-зелена нијанса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП