28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПерез: невозможно е капитенот да го напушти тимот

Перез: невозможно е капитенот да го напушти тимот

Претседателот на Реал Мдрид, Флорентино Перез се произнесе по шпекулациите во јавноста дека капитенот Серхио Рамос може да ја напуши екипата.

Тој изјави дека ова не е вистина.

– Слушнав дека имало многу добра понуда за Рамос од кинески клуб, но според тамошните важечки прописи тие не можат да платат за трансферот. Му кажав на Серхио дека ова е невозможно. За Реал невозможно е капитенот да го напушти тимот. Тоа би било ужасен преседан. Сега тој има најголем договор меѓу играчите на Реал. Тој е капитен на тимот и го заслужува. Тој е нашиот најдобар играч. Го сакам Серхио Рамос како син, изјави Перез.

За Реал Мадрид, Рамос настапува од 2005 година. Има одиграно 606 натпревари и постигнато 84 гола. Неговиот договор истекува летото 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП