19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНедела дена одмор од 250.000 долари

Недела дена одмор од 250.000 долари

Само една недела одмор во Isla Sa Ferradura ќе ве чини минимум четврт милион долари, и тоа вон сезона.

Ибица е веќе истражено игралиште на љубителите на добри забави, бурниот ноќен живот и сè останато што доаѓа со него, и дека повеќе не е препозната како клише кое некогаш била. За оние луѓе кои не сакаат нивниот одмор да се сведе на непроспиени ноќи и забавување до зори, блиските острови нудат далеку поинтересни опции.

Овој пат ви ја откриваме Isla Sa Ferradura, која е вистински рај за секого. Приватниот имот кој се наоѓа на Ибица доаѓа со шест спални, два базени и персонал на располагање во текот на целиот ден.

Иако Isla Sa Ferradura е навистина остров, тој е поврзан земјено со Ибица. Наместо да пристигнете на островот по песочен пат, Ви препорачуваме да резервирате јахта и да уживате во погледот што ќе ве остави без здив. Кога ќе пристигнете, сигурни сме дека ќе бидете дополнително воодушевени, бидејќи во кујната ве очекува готвач со Мишелин ѕвезда кој ќе го подготвува вашиот омилен оброк.

Тука е и спа центарот, чајџилница и јога студио, како и куќа за чамци со бројни играчки за вода. Ако во било кој случај почувствувате носталгија за Ибица, нејзината бучава и сјај, можете да организирате ваша забава на тераса на покривот од 800 квадратни метри кој има свој DJ деск, со листа на локални и меѓународни диџеи кои доаѓаат на повик.

Isla Sa Ferradura е можност за поврзување на најдоброто од двата света – мир и тишина кога ќе посакате и бучни забави кога, ако е воопшто можно во таква прекрасна средина, да ви стане досадно.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП