Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 13,000.48 -0.11%    FERS 73,526.00 0.72%    GRNT 1,210.20 0.75%    KMB 7,309.27 0.82%    MPOL 299.00 -0.33%    MPT 79,512.48 -0.26%    MTUR 5,700.00 -0.2%    PKB 12,000.00 3.68%    RMDEN18 98.70 0%    RZUS 70.00 0%    SBT 3,200.00 0%    STB 1,204.69 0.36%    STBP 656.00 0%    STIL 101.01 0.9%    TETE 2,348.75 1.94%    TNB 17,753.58 0.59%    TRPS 1,800.00 0%    TTK 1,689.90 2.76%    ZPOG 1,800.00 0%    

Avon го лансира Attraction Sensation, првиот мирис кој ги буди 5-те сетила

Време: 10:33

Датум: мај 23, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

Неодоливиот акорд на кожа е во срцето на Attraction Sensation за НЕА и НЕГО, поврзувајќи ги партнерите со интензивна и стимулирачка моќ која е едноставно неодолива

Во играта на привлечност, ниту едно од нашите сетила не треба да биде запоставено. AVON го лансираше Attraction Sensation, првиот досега пар од мириси за НЕА и за НЕГО кои ги будат петте сетила: вид, допир, слух, вкус и мирис. Ова е трета премира на мириси од усоешниот бренд Attraction, кој веќе ги содржи Attraction Original и Attraction Rush, магнетски привлечна и вобудлива колекција на мириси кои содржат моќен акорд во срцевината за засилување на ефектите на привлечност.

Силниот акорд на кожа е во срцето на двата Attraction Sensation мириси, поврзувајќи ги двајцата партнери со интензивна и стимулирачка моќ која е едноставно неодолива. Кога ќе се протрие на кожата, оваа специјална состојка се впива во сеќавањето и ја нагласува сензуалноста. Софистицираните мирисни композиции се креирани од двајца светски престижни светски парфимеристи, Лорен Л’Гернек (Attraction Sensation за НЕА) и Мишел Де Фина (Attraction Sensation за НЕГО), со опсежна потрага по најсензуалните состојки кои се достапни во природата.

Покрај луксузните состојки, Attraction Sensation се издвојува со својот долготраен мирис кој трае на кожата и до 8 часа. Тестот спроведен со различни двојки ширум светот открива дека 98% од испитаниците изјавиле дека не можеле да му одолеат на нивниот партнер кој носел Attraction Sensation, а 80% од нив изјавиле дека Attraction Sensation ги поттикнало повеќе да ги допираат своите интимни партнери.

МИРИСОТ ЗА НЕА

Категорија: цветно-ориентално-овошна

Возбудата од неодоливата привлечност започнува со вдишување на овој нов зашеметувачки мирис. Телото инстантно реагира на зачинетиот ѓумбир и ориенталната мандарина. Срцето чука побрзо со шармантниот јасмин. Орисот и полноќната фрезија креираат хипнотички чувство. А, заедничките силни кожни ноти ве повруваат со партнерот со интензивниот и зашеметувачки мирис.

Основни ноти:

Моќна слива: сочна и маркантна, оддава сензуална нота на слатка овошна нота која се отвора кон нејзиниот возбудлив мирис, за максимално чувство на стимулирачка привлечност.

Бел јасмин – самбак: сјајна мирисна ѕвезда, комбинација од луксуз и сензуаност. Овој мал цвет исто така ги скажува слатките и зашеметувачки тонови.

Неодолива кожа: заедничкиот кожен акорд делува како магнет и ги привлекува обата партнери еден кон друг, создавајќи долготрајно чувство на меѓусебна зависност. Оваа специјална нота дава богат, придушен мирис кој во својата основа е истовремено и возбудлив и сензуален.

МИРИСОТ ЗА НЕГО

Категорија: ориентално-папратна

Магнетната сила на заведувањето се раѓа од зачинетиот црн бибер. Ѓумбировото масло го забрзува пулсот. Зашеметувачката возбуда се засилува со сензуалната жалфија и свежото масло од лаванда. Привлечните пачули и ветиверот ослободуваат голема доза на адреналин, додека смелите кожни акорди ве поврзуваат со партнерот.

Основни ноти:

Црн бибер: провоцира  со топла, стимулирачка и делумно слатка арома. Неговите свежи и зачинети атрибути привлекуваат, додека благата зачинетост е стимулативна.

Лаванда: аромативно, растително и цветно, го пренесува оној кој ја носи на волшебна ледина со природна лаванда. Буди чувство на опуштеност, маслото од лаванда има слатка но истовремено и силна арома.

Неодолива кожа: ги оживува сите спомени со своите природни и сензуални карактеристики. Овој сензуален акорд има моќ да поврзува со интимниот партнер.

Како да ги набавите?

AVON Attraction Sensation е достапен за порачување преку претставничката мрежа на AVON. Мирисите може да се порачаат и онлајн на овој линк.

Над 130 години Avon се залага за жените: преку понуда на иновативни, квалитетни производи за убавина кои примарно се продаваат на жените, преку жените. Милиони независни Претставници ширум светот ги продаваат врвните Avon брендови како Avon Color и ANEW преку социјалните мрежи, градејќи ги сопствените бизниси за убавина со целосно или скратено работно време.  Avon ја поддржува финансиската независност на жените, претприемаштвото и добросостојбата и донираше над 1 милијарда долари за женските каузи преку Avon и Avon Фондацијата. Повеќе информации за Avon и неговите производи на www.avonworldwide.com. #Stand4Her

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Стартуваше специјализираната платформа Извоз.МК

    Стартуваше специјализираната платформа Извоз.МК

    Денеска стартуваше Извоз.МК, специјализирана платформа за промоција и поддршка на македонскиот извоз и македонските извозни компании. Главниот фокус ќе биде ставен на порталот www.izvoz.mk, кој…

  • Amazon развива систем за плаќање со дланки

    Amazon развива систем за плаќање со дланки

    Компанијата Amazon развива терминали за плаќање во продавниците за малопродажба во кои наместо кредитни картички или други системи за безготовинско плаќање ќе ја читаат дланката…

  • Директорката на „Хуавеј“ на сослушување во Ванкувер

    Директорката на „Хуавеј“ на сослушување во Ванкувер

    Финансиската директорка и потпретседателка на компанијата „Хуавеј“, Менг Ванжоу се појави вчера на рочиште во Ванкувер. Судењето, како што предупредуваат адвокатите, може да трае и…

  • Facebook го отфрлa планот за воведување реклами на WhatsApp

    Facebook го отфрлa планот за воведување реклами на WhatsApp

    WhatsApp првично имаше малку измешан бизнис модел. Компанијата на почетокот им наплаќаше на корисниците годишна претплата, но подоцна ја укинаа и од тогаш апликацијата е…

  • Нова платформа: Lufthansa и Google Cloud потпишаа стратешко партнерство

    Нова платформа: Lufthansa и Google Cloud потпишаа стратешко партнерство

    Lufthansa и Google Cloud денеска објавија дека потпишале договор за стратешко партнерство. Тоа би требало да и овозможи на германската авиокомпанија да го подобри мониторингот…

  • Методија Мирчев е назначен за нов Извршен директор на А1 Македонија

    Методија Мирчев е назначен за нов Извршен директор на А1 Македонија

    А1 Македонија го објавува назначувањето на Методија Мирчев на функцијата Извршен директор. Веќе од денеска тој ги превзема одговорностите на извршната позиција и ќе го…

  • Microsoft вети дека ќе стане „јаглерод негативен“ до 2030 година

    Microsoft вети дека ќе стане „јаглерод негативен“ до 2030 година

    Microsoft тврди дека до 2050 година ќе отстрани количина на јаглерод еквивалентна на вкупната количина на емисии на Microsoft од своето основање пред 45 години. Microsoft вети…

  • Помалку пластика: Гигант за храна вложува 1,8 милијарди евра во рециклирање

    Помалку пластика: Гигант за храна вложува 1,8 милијарди евра во рециклирање

    Швајцарскиот гигант за прехранбена индустрија Nestle најави дека ќе инвестира две милијарди франци (1,8 милијарди евра) во период од пет години во рециклирање. Парите ќе ги искористат…

  • Добивката на Bank of America падна поради ниските каматни стапки

    Добивката на Bank of America падна поради ниските каматни стапки

    Добивката на Bank of America падна во четвртиот квартал минатата година за 4,0 проценти во однос на истиот период во 2018 година. Падот е предизвикан…

  • Нова подобрена верзија на онлајн услугите на ЕВН

    Нова подобрена верзија на онлајн услугите на ЕВН

    Почна со работа новата надградена  верзија на онлајн услугите на ЕВН – evnonline.mk. Овие услуги на корисниците сега ги нуди компанијата „ЕВН Хоме“ која од…