ПочетнаЗДРАВЈЕДиети препорачани од Светската здравствена организација

Диети препорачани од Светската здравствена организација

Стручни лица од Светската здравствена организација, анализирале 41 режим на исхрана, па направиле листа на најдобрите диети.

Топ-листата е составна врз основа на неколку фактори, како што се ефективноста на диетата околу намалувањето на тежината, баланс, достапност на цените, ефекти врз крвниот и ендокриниот систем.

Така, во првите три, се наоѓа флекситаријанството. Оваа диета вклучува растителни протеини, зеленчук и јаткасти плодови.

Флекситаријанството е всушност „флексибилно вегетаријанство“, при што месото не е така строго забрането, но се консумира многу ретко.

На второ место е диетата ДАШ, којашто првично била наменета за пациенти со хипертонија, оти ефикасно го намалува нивото на холестерол. Диетата е слична на популарниот средоземноморски режим, бидејќи опфаќа консумација на повеќе овошје и зеленчук, млечни производи, бело месо, риба, зрнести и јаткасти плодови, како и житарици.

На врвот на листата на СЗО, е таканаречената. „средоземноморска диета“, што покрај ослабувањето, го намалува и ризикот од дијабетес. Таа ефикасно ги топи килограмите, што пак, го снижува ризикот од срцев удар и предвремена смрт.

Овој режим на исхрана препорачува зрнести плодови, многу овошје и зеленчук, грав, боранија, но и по некоја чаша вино. Јаткастите плодoви, рибата и зејтинот обезбедуваат мононезаситени масти, коишто позитивно влијаат на холестеролот. Тренд во последно време е и  консумацијата на непреработена или сурова храна, во која се задржани оригиналните ензими, нутритиенти и биоактивни компоненти. Такви производи се произведуваат и во Македонија, а едни од нив се и вкусните и суперздрави енергетски барови на Виталиа, кои се 100% природни без шеќери и додатоци.

Здравата исхрана е подарок кој самите можеме и мораме да си го подариме.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП