4 мај, 2024

Јахта Majesty 135

ja1

Бродоградилиштето со база во Обединетите Арапски Емирати си ја знае многу добро својата работа, а тоа можеме да го заклучиме со првиот поглед на оваа јахта.

Навистина неверојатна комбинација од светлост, свежина и луксуз, „Majesty 135“ комбинира моќни простори со прекрасно украсени површини. Ентериерот е елегантен и самоуверен, со чиста бела боја насекаде. Со должина од 41 метар, ги шокира нашите погледи со својата елегантна појава.

Главната пилотска кабина е пространа, и пријатна за живот, како комбинација од класика и модернизам, со сите современи погодности – плетени столици, огромна софа, вечера на отворено и бар.

Внатре, внимание привлекува стаклената врата со рамка од нерѓосувачки челик на главниот салон, која затвора една пространа но елегантна просторија. Опремен е со ексклузивни есенции како што се бел оникс, Crema Marfil, Коринтски кремаст мермер и Anigre дрво, како додаток на севкупната благородна атмосфера. Отворениот главен салон им овозможува на главната трпезарија и на дневната соба погодности и деликатни материјали.

Трпезаријата има голема стаклена маса со модерни тркалезни столчиња, на кои можат да се сместат до десет гости за сите прилики и оброци. Големата кујна, уште еден од акцентите на оваа јахта, овозможува појадување во удобен простор наменет за осум луѓе.

Кога зборуваме за главната палуба, на неа се наоѓа луксузен ВИП апартман, со голем ормар и огромна бродска кабина. Можеме да го наречеме и Master апартман. Место кое се наоѓа на вториот кат. Големиот Master апартман е вистински лускузно место, со минибар и приватно лоби, покрај пространата бродска кабина со простории за одмор. Како и апартманите, и бродските кабини имаат изобилие од природна светлина, и претставуваат неверојатен гостопримлив простор.

ja2

ja3

ja4

ja5

ja6

ja7

ja8

ja9

ja10

ja11

ja12

ja13

ja14

ja15

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП