26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолкав е рокот на траење на наочарите за сонце?

Колкав е рокот на траење на наочарите за сонце?

Не, не е додека не се скршат или додека не ги изгубите…

Наочарите за сонце не се само моден детал, туку и ги штитат вашите очи од штетното сончево зрачење, помагаат во борбата против раното стареење, а штитат и од рак на кожа.

Тоа веќе веројатно го знаете, но она што можеби не сте знаеле е дека и очилата за сонце имаат рок на траење. Имено, експертите по спроведување на студијата на Универзитетот во Сао Паоло, предупредуваат дека очилата со време ја губат својата способност за заштита од блокирање на УВ зраците. Со други зборови, вашите очила најверојатно не ве штитат од УВ зрачењето толку добро како и пред неколку години…

Професорот по офталмологија, д-р Мајкл Ерлих вели дека стаклата едноставно ја губат својата ефикасна заштита поради минијатурни оштетувања, кои настануваат со ставање на очилата во футрола, да речеме- тие оштетувања не мораат дури ни да бидат видливи со голо око.

Недостатокот на заштита на очите од зрачење може да биде причина за проблем. Изложеноста на очите на УВ зраци е поврзана со катаракта и окуларен карцином. Исто така, кожата околу очите ќе старее побрзо поради изложеноста на UVA и UVB зраците.

Иако се потребни повеќе истражувања за да се утврди после колку време наочарите стануваат неефикасни, д-р Ерлих советува да ги менувате отприлика на секои две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП