18 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕАјфелова кула го прославува 130. роденден(видео)

Ајфелова кула го прославува 130. роденден(видео)

Еден од најпознатите споменици во светот, симбол и прва асоциација на главниот град на Франција, Ајфеловата кула, изградена е во 1889 година како експонат за Светска изложба, по повод прославувањето на сто годишнината од француската револуција.

Когa била изградена кулата , некои парижани сметале дека е груба и треба да се урне. Денес се смета за едно од ремек делата на архитектурата во светот.

Ајфеловата кула денеска ја посетуваат речиси седум милиони луѓе годишно, што ја прави најпосетуван споменик за кој се плаќа влез во целиот свет.

Конструкцијата на оваа градба која е проектирана од страна на инженерот Густав Ајфел, траела две години и требала да биде симбол на технолошкиот напредок, кој на впечатлив начин ќе ја демонстрира големината на француската техника.

Орвобитните планови предвидувале Ајфеловата кула на Марсовото поле во Париз да остане дваесет години, но, од уривање ја сочувале различни научни експерименти кои и самиот Ајфел ги охрабрил, пред се во развојот на телекомуникациите.

Структурата е составена од 18.038 парчиња леано железо, со помош на два и пол милиони заковки. За време на изградбата, благодарение на безбедносните мерки кои Ајфел ги вовел, загинал само еден работник, што за тоа време било извонредно достигнување.

Ајфеловата кула е висока 300 метри (324 – подоцна поставената телевизиска антена), а металната структура е тешка 7.300 тони. Кулата до 1931 година била највисоката зграда во светот. До самиот врв водат 1,665 скали.

Јубилејниот 130 роденден на Ајфеловата кула бил обележан со ласерски спектакл кој прикажал важни настани во историјата на познатиот споменик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП