29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGenius глувче чувствително на допир

Genius глувче чувствително на допир

timthumb

„Genius“ пушти во продажба глувче чувствително на допир кое е наменето за корисниците на „Windows 8“. Ова глувче значително го забрзува и олеснува користењето на новиот оперативен систем, особено кај класичните компјутери кои немаат екран чуствителен на допир.

„Touch Mouse 6000“ служи и како класичен компјутерски глушец, но е специфичен поради површината која е осетлива на допир и која на корисникот му овозможува да ги извршува сите активности кои се специфични за „Windows 8“ директно од глувчето.

Интегрираната површина осетлива на допир ги поддржува „Windows 8“ потезите „slide“, „swipe“, „swipe“ од маргините, зумирање и поместување на содржините горе или доле и тоа без било какви дополнителни драјвери или софтвер.

„Touch Mouse 6000“ има многу елегантен и атрактивен дизајн, а благодарејќи на симетричниот облик погоден е за користење со десната и левата рака. Се напојува со една или две АА батерии. Со користењето на една батерија овозможува шест месеци работа, а со две двојно повеќе. Кога не се користи глувчето може да се исклучи. Приемникот што оди во „USB“ портот во компјутерот за воспоставување на бежична конекција е со многу мала димензија, а кога не се користи може да се вметне во соодветен слот во глувчето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП