Во светот постои место каде прасиња слободно пливаат и шетаат по должина на плажата, а истoто е познато како Остров на прасињата.
Животните уживаат во пливање во океанот, поздравувајќи ги туристите и позирајќи на фотографии.
Каде точно се наоѓа овој остров?
Патниците кои сакаат да ја посетат оваа дестинација земаат лет до групата острови Ексумас на Бахамите, кои се наоѓаат на околу 56 километри југоисточно од главниот град Насау, од каде со брод се превезуваат до ова место, каде што веднаш се добродушно пречекани од прасињата кои пливаат кон нив.
Овој гребен не е населен со луѓе и целосна мистерија е како прасињата дошле тука, но едно е сигурно, тие тука уживаат и до максимум го живеат својот живот.