8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали денес и официјално Србија ќе остане без Volkswagen?

Дали денес и официјално Србија ќе остане без Volkswagen?

Volkswagen соопшти дека тргнува во ,,конкретни преговори” со ,,останатите потенцијални” локации за изградба на фабрика во Југоисточна Европа. Reuters пренесува дека според инсајдерите, во игра останале Бугарија и Турција, пренесува Deutsche Welle.

Собранието на акционери на Volkswagen кое се одржа денеска (14-ти мај) беше со нетрпение исчекувано и низ Југоисточна Европа. Повеќе земји, вклучувајќи ја и Србија, се надеваа дека ќе привлечат голема инвестиција на автомобилскиот гигант, а ,,победникот” би требало да биде објавен овие денови.

Од Volkswagen соопштиле дека во понеделникот надзорниот и управниот одбор одлучиле да започнат ,,конкретни преговори” за останатите потенцијални локации. Блиски официјални информации нема, а за DW во понеделникот во компанијата кратко е кажано дека и понатаму е на сила нивното соопштение дека конечната одлука не е донесена.

Меѓутоа, агенцијата Reuters, повикувајќи се на инсајдери, пренесува дека во игра останале уште само локации во Бугарија и Турција. Сепак, германската агенција “DPA” таквите информации ги пренесе уште пред еден месец, но не е јасно дали сега Reuters има новa, свежa потврда, наведува DW.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП