28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕTајландскиот Залив, каде што е снимен филмот „Плажата“, ќе биде затворен до...

Tајландскиот Залив, каде што е снимен филмот „Плажата“, ќе биде затворен до 2021

Тајландскиот Залив, кој по филмот „Плажата“ со Леонардо ди Каприо во главната улога стана познат во целиот свет, ќе остане затворен до 2021 година бидејќи неговата флора и фауна се сериозно оштетени поради прекумерниот број посетители.

Заливот Маја на островот Фи Фи Ле привремено беше затворен минатата година, а пред тоа секој ден го посетуваа до 5.000 луѓе.

Како резултат на тоа, повеќето корали изумреа, јавува Би-би-си.

Властите сега ја пролонгираа забраната за посетителите на уште две години со цел да се овозможи повеќе време за еколошко закрепнување на заливот.

По затворањето на плажата минатата година, во нејзините води се забележани гребенски ајкули.

Професорот Тон Тамронгнавасават, кој е советник во тајландското Министерство за национални паркови, за Би-би-си во јануари изјави дека бројот на посетители ќе биде ограничен кога заливот ќе биде повторно отворен, а на чамците нема да им биде дозволено да се закотват.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП