22 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНеверојатна причина поради која јапонските банки ја преживеале кризата

Неверојатна причина поради која јапонските банки ја преживеале кризата

japo1

Јапонските банки излегоа релативно неоштетени од кризата во 2008 година, едноставно поради тоа што нивните лидери не зборувале англиски јазик, вели министерот Таро Асо.

„Јапонските банки беа „изгубени во преводот“ за да ги разберат инструментите и финансиските продукти кои со колапсот на „Lehman Brothers“ светскиот финансиски систем го воведоа во хаос“, изјави Асо.

„Многу луѓе беа заглавени во стапицата на сомнителни финансики продукти и фамозни високоризични хипотекарни кредити. Јапонските банки поради тоа не потклекнаа како европските банки.

„Претставниците на јапонските банки едвај разбирале англиски јазик, и поради тоа не се вклучувале во ризични купувања“, изјави јапонскиот министер за финансии, пренесува агенцијата Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП