29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИновативниот Hautlence HL Sphere часовник

Иновативниот Hautlence HL Sphere часовник

Брендовите за часовници даваат се од себе за да влезат во чекор со технологијата, па секогаш бараат нови и иновативни начини за да импресионираат и да го презентираат точното време…

 

Некои модели се чудни и не премногу практични, но новиот Hautlence HL Sphere модел успеа да ги направи и двете работи одеднаш. Делува премногу комплексно за да биде практичен, но читањето на времето со него станува полесно.

Овој неверојатен часовник користи ротирачки кугли за да го претстави времето, поточно часовите, што до сега во индустрија на часовници не постоело. И додека во почетокот делува премногу сложено, кога малку подобро ќе погледнете, тој е всушност многу едноставен за употреба.

На овој часовник можете да видите две вкрстени вретена под агол од 21 степени, кои се водени од четири конусни брзини. Над нив се наоѓа прекрасна сфера, која се состои од два PVD титаниумски делови. На десната страна од сината мермерна сфера на овој модел се наоѓа индикатор за минути, односно ретрограден екран кој ја надгледува целокупната комплексност на часовникот. Прозирниот дисплеј ви дава можност да погледнете во работата на механизмот и сите негови комплицирани делови.

Зборувајќи за механизмот, овој модел содржи HTL 501-1 рачен навивен модел, кој се произведува во рамките на нивната работилница. На часовникот постои и индикатор за резервна енергија, паметно скриен во скелетонизацијата на часовникот. Куќиштето на овој модел е 39 x 46 x 12 мм, но и покрај обликот и големината совршено е носив.

Произведен во ограничено издание од само дваесет и осум парчиња, моделот Hautlence HL Sphere ќе биде редок призор, а неговиот изглед сигурно ќе го импресионира секој што ќе се сретне со него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП