18 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот апартман Oriental Luxury

Луксузниот апартман Oriental Luxury

ori

Идеално место за оние кои сакаат да уживаат во ултимативниот луксуз на денешницата, „Mandarin Oriental“ хотелот во Женева се „здружил“ со Швајцарскиот производител на луксузни часовници „Hublot“ нудејќи им посетителите ексклузивен пакет кои комбинира релаксација и одмор во еден од најневеројатните, од скоро реновиран, апартман со приватна посета на ексклузивната „Watch Academy“ работилница во самото ателје.

Нудејќи ја оваа специјална прилика за сите ентузијасти кои сакаат луксузни часовници, за да ја откријат традицијата, како и, најновата технологија на финото часовничарство, гостите кои ќе отседнат во „Oriental Luxury“ во „Mandarin Oriental“ хотелот во Женева, ќе уживаат во приватен превоз со лимузина од женевскиот интернационален аеродром и ќе добијат шампањ како „добредојде“ во апартманот со панорамски поглед на градот и планините.

По неверојатното возење од Женева до блискиот Нион, експерт за часовници ќе им посака добредојде во „Hublot“, за почеток на неверојатната турнеја низ ателјето, откривајќи им ги тајните на некој од светските најмодерни и најлуксузни ремек дела на часовничарството. Посетата ќе се заврши со специјалната работилница на „Watch Academy“, но пред тоа посетителите ќе се обидат сами да откријат некоја тајна за правење на „Hublot“ часовниците.

„Mandarin Oriental“ хотелот во Женева е луксузен хотел лоциран на десната страна на реката Рајна, на неколу минути од женевските финансиски институции, луксузни продавници и галерии.

„Mandarin Oriental Hotel Group“ е надградуван сопственик на некои од најпрестижните хотели и одмаралишта во светот. Групата моментално е оператор на 44 хотели, со преку 11.000 соби во 27 земји, со 19 хотели во Азија, 12 во Америка и 13 во Европа, Блискиот Исток и Северна Африка. Додатно, тие се оператори и на 14 Резиденции кои се во склоп на „Mandarin Oriental Hotel“.

ori2

ori3

ori4

ori5

ori6

ori7

ori8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП