УНЕСКО додаде нови локации на листата на Светско наследство, со дестинации кои вклучуваат сè – од храмови во Кореја, архитектура во Индија и оази во Саудиска Арабија…
Сите нови дестинации биле објавени една недела по состанокот во Бахреин. Комитетот избира нови места за оваа листа, така што се фокусира на локации кои треба да се сочуваат поради нивната културна, историска или научна важност. На листата веќе има бројни локалитети, кои секоја година ”мамат” неверојатен број на туристи.
Кога некоја локација се наоѓа на оваа листа, таа добива статус на заштитено место, на која безбедноста се гарантира со меѓународен договор. Во галеријата можете да откриете кои места овој пат се под покровителство на УНЕСКО, а потоа да ги посетите пред сите туристи од светот.

















