5G мрежите конечно пристигнаа, но тие се многу поинтересни на хартија отколку во реалниот живот.
Почетната брзина на интернетот нема да биде толку импресивна како броевите на хартија, но сепак ќе биде значително поголема од оние кои ги нуди 4G.
Операторите во Кореја и САД веќе ги активирале своите 5G мрежи, а истото почнува полека да се случува и во Европа. А заедно со 5G мрежата, Европа исто така ќе го добие својот прв 5G телефон, но дефинитивно не е модел кој сте го очекувале.
Иако бројни познати компании, а некои дури ги претставија своите 5G смарт телефони, производителот на првиот 5G модел во Европа можеби дури и не е познат за многумина.
Во прашање е Oppo Reno 5G, кој е во понудата на швајцарскиот оператор Swisscom. Цената на овој уред е 1.000 долари.
За овие пари, покрај 5G конекцијата, добивате и 6,6 инчен екран, 48 мегапикселна камера, 8GB работна меморија, Snapdragon 855 процесор и 4,065mAh батерија.