4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапиот кревет во светот

Најскапиот кревет во светот

krevet1

Произведен е најлуксузниот кревет со кралски квалитет но и со кралска цена од 175.000 долари.

Производителот на луксузни душеци „Savoir“ произведе еден од најскапите и најексклузивните кревети во светот, кој го нарече „Royal State Bad“.

Директорот на „Savoir“ Алистер Хаџес вели дека нивниот кревет вреди за секој вложен цент.

krevet2

Изработката на креветите е рачна и трае околу 700 часа, тие се дизајнирани специјално така што ќе му одговараат на секој клиент. Секој детаљ од креветот е рачно изработен, а на дел од нив работел и тимот од “Royal School of Needlework”, односно луѓето кои што работеле и на венчаницата на Кејт Мидлтон.

Креветот е направен од специјално дрво, а мекоста на душеците е од монголскиот кашмир и опаши од коњи од Јужна Африка, а прекривката е од најнежна свила, едноставно – кревет достоен за крал.

krevet3

“Не сакаме да се чувствувате како да сте во кревет, туку како да лежите на облак”, вели Хаџес. Но, ако ја погледнеме цената од 175.000 долари, ќе сфатиме дека малкумина ќе можат да го доживеат тоа „лежење на облак”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП