28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да не претерате со храната за време на Велигденските и Мајските...

Како да не претерате со храната за време на Велигденските и Мајските празници

Кога е во прашање менито, Велигден треба повеќе да не загрижува отколку Божик. По зимските празници, сите имате доволно време да изгубите неколку килограми што се вишок, но по Велигден, летото е едноставно премногу блиско.

Паметен доручек

Кога ќе заврши доручекот, тешко е да се контролира што ќе се појави на празничната маса. Затоа, за вашето подоцнежно добро, паметно доручкувајте. Зелениот сок може да биде одличен избор. Во блендер ставете банана, 300мл вода, 100 грама шумски плодови, 2-3 листови спанаќ, 1 лажица кафеав шеќер и миксајте 2-3 минути.

Многу течности

Исецкајте парчиња лимон и ставете ги во секоја чаша вода која ќе ја пиете во текот на денот. Тоа ќе му помогне на црниот дроб да ги елиминира токсините, но и ќе го забрза варењето. Тоа се две работи што се потребни за време на празниците.

Чинија полна со зеленчук

Пред да одите на слатката кошница со чоколадни јајца, бидете сигурни дека на вашата чинија покрај шунка и јајца, треба да има многу зеленчук. Млад лук, зелена салата, ротквица, мешана салата – повеќе ”претерајте” со горенаведеното, отколку со останатото што следи.

Водете сметка околу чинијата

Без оглед на приликата, вашиот чинија треба да биде поделена, на која едната половина ќе биде резервирана за зеленчук, една четвртина за јаглени хидрати и една четвртина за протеини. Ако навистина морате, наместо вода конзумирајте вино, никако пиво.

Слатки колачи на крајот

По добар и заситен зелен појадок, многу течности и голема чинија со зеленчук, едноставно нема да можете да претерате со конзумирање на слатки колачи. На крајот можете, исто така, да се почастите со една чаша некој здрав пијалок или со вашиот омилен деликатес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП