1 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСовршен дом за луксузна релаксација

Совршен дом за луксузна релаксација

do1

Оваа куќа во Kанкун може комплетно да ве инспирира, да ги наполни вашите батерии и да направи да уживате во луксузниот и едноставниот стил.

„Cumbres Doce“ е неверојатен проект на „SoStudio“, дизајнерско студио од Канкун, Мексико. Таа е завршена во 2011 година и се простира на површина од неверојатни 1,835 квадратни метри.

Во ентериерот, мебелот е изработен од природни материјали, и во целокупниот простор доминираат природните тонови. Надворешниот базен ја комплетира сликата на целата куќа.

Ова е всушност збирка од пет куќи. За максимална заштита, влезот во внатрешноста е контролиран со безбедносни порти кои се околу имотот. Од вториот кат на куќата ви се овозможува неверојатен поглед кон околината.

Ова е совршен дом, совршено решение за оние кои ја сакаат релаксираноста, едноставноста и елегантната уреденост на домот, но и оние кои имаат повеќе пари во својот џеб.

Погледнете ги фотографиите…

do2

do3

do4

do5

do6

do7

do8

do9

do10

do11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП