19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЛеталото на НАСА за прв пат забележало "марсотрес"

Леталото на НАСА за прв пат забележало “марсотрес”

Роботското летало на NASA “InSight”, кое од ноември минатата година се наоѓа на Марс, забележало благ земјотрес на Црвената планета.

AP наведува дека се верува, дека ова е првиот марсотрес што некогаш е забележан. Се наведува дека мониторот на “InSight” за земјотреси забележал и измерил слаб сигнал на 6 април, а научниците одлучиле да ја објават оваа вест за јавноста.

Иако снимениот шум наликува на нежен ветер, научниците веруваат дека звуците доаѓаат од внатрешноста на Марс.

Францускиот научник Филип Лонјон, кој бил задолжен за овој експеримент, изјавил дека е возбудливо што конечно имаат докази дека таа планета е сеизмички активна.

Се наведува дека научниците и понатаму продолжуваат да ги анализираат податоците за ова, како и три полоши сеизмички сигнали што ги забележале.

Францускиот сеизмометар бил поставен на површината на Марс минатиот декември, неколку недели по лансирањето на “InSight”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП