20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕMandarin Oriental Hotel го освојува брегот на езерото Комо

Mandarin Oriental Hotel го освојува брегот на езерото Комо

Гордо сместен на сончевиот брег на прекрасното езеро Комо, Mandarin Oriental Hotel е опкружен со живописни градини, со повеќе од педесет видови на растенија, дрвја и цвеќиња…

Овој спектакуларен имот се наоѓа во Блевиу, едно од најшармантните села на брегот на езерото Комо, на многу кратко растојание од Милано и од меѓународниот аеродром. Хотелот содржи две приватни, независни вили, со 21 прекрасни декорирани соби и 52 луксузни апартмани, а срцето на хотелот го претставува Вилата Roccabruna од деветнаесеттиот век. Mandarin Oriental има соработувано со ценетиот италијански дизајнер на ентериер, Ерик Еганом, креирајќи шик дизајн кои ги спојува модерната италијанска елеганција со суптилниот ориентален шарм.

Патриција Поци, реномирана италијанска пејзажна архитектка, се грижела за преубавата естетика на хотелот, бирајќи материјали и различни стилови кои се инспирирани од неокласични елементите, антички вили и нејзината градина, за да се создаде уникатна средина, совршена за релаксација и медитација. Но, се разбира, тоа не е сè што овој хотел може да ви понуди.

Овој имот со пет ѕвездички доаѓа со еден софистициран, модерен ресторан наречен L~ARIA, кој го предводи италијанскиот извршен готвач, Винченцо Гварино, заедно со својот професионален тим. Елегантен ресторан сокриен далеку во хотелската градина, во една преубава градба со поглед на езерото, нуди мени што има уникатен пристап кон медитеранската кујна, базиран на локалните, сезонски производи.

CO.MO Bar & Bistrot е уште едена понуда од хотелот, која претставува совршено место за неформалнo обединување или уживање во коктели на тераса која пружа поглед на езерото. Базенот, исто така, максимално ја користи предноста на поглед на езерото, кој се протега од брегот со голема платформа за сончање која делува како да плови на површината на езерото.

На крајот, мора да се спомене и The Spa at Mandarin Oriental Lago di Como. Нудејќи специфичен избор на топли и водени искуства инспирирани од бистрата езерска вода, овој имот има четири приватни спа апартмани, студио за убавина во совршено опремен фитнес центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП