Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,275.91 1.05%    ELEKTKU1 25.00 0%    ERMT 177.00 -10.15%    GRNT 943.18 0.04%    KMB 5,565.98 0.33%    MTUR 5,250.10 -0.94%    OKTA 4,507.62 -0.05%    PKB 11,800.00 7.27%    RMDEN17 99.00 1.02%    RMDEN18 98.60 -0.1%    RZLIPTE1 25.00 0%    RZUG 12.00 0%    STB 1,201.67 0.14%    TTK 1,448.32 -2.14%    

По цели три века во Рим за Велигден откриени Светите скалила по кои чекорел Исус

Време: 13:25

Датум: април 22, 2019

Категорија: ЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ

Туристите и верниците кои ја посетуваат базиликата Сан Џовани во Рим овој Велигден имаат единствена можност да ги видат, но и да се искачат по Светите скалила, кои се откриени за прв пат во последните 300 години, а по кои, според верувањето, пред распнувањето Исус чекорел до Понтиј Пилат, човекот кој му пресудил.

Скалилата познати под латинскиот назив Scala Sancta се прекриени со даски од ореово дрво, а за јавноста ќе бидат достапни во текот на следните два месеца, по деталниот потфат за реставрација.

Во оригинал, скалите се мермерни и на нив на три места се наоѓаат три капки од крвта на Исус, за кои се тврди дека паднале во текот на неговото искачување.

Со тие капки се означени средновековни крстови кои туристите и верниците ги бакнуваат и допираат додека на колена се искачуваат кон врвот на скалите, пренесува Си-ен-ен.

Од подножјето до врвот има вкупно 28 скалила, кои, како што укажува Евангелието според Јован, Исус ги минал неколку пати.

Иако не постојат пишани податоци, отец Франческо Гуера, ректор на Светите скалила, вели дека според предението, мајката на царот Константин, Елена, инаку, страствен колекционер на реликвии од Исус во 4 век, побарала скалилата да и се донесат од Ерусалим.

Скалилата наскоро повторо ќе бидат прекриени со дрво за да се заштити оригиналниот мермер, но во наредните неколку недели посетителите на Рим може да чекорат по нешто за кое се смета како голема светост со стапките на Исус.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Пред Париз и Лондон, речиси 23 милиони пристигнувања: Ова е најпосетуваниот град во светот

    Пред Париз и Лондон, речиси 23 милиони пристигнувања: Ова е најпосетуваниот град во светот

    На прво место на најпосетувани градови во светот е главниот град на Тајланд, Бангкок. Овој град е пред Париз и Лондон, покажуваат резултатите од најновото…

  • Најбезбедни градови во светот за 2019 година

    Најбезбедни градови во светот за 2019 година

    Токио е најбезбеден град во светот за 2019 година, покажа Индексот за безбедни градови на известувачката служба на Економист. Известувачката служба на Економист, која работи…

  • Александрија тоне поради климатските промени

    Александрија тоне поради климатските промени

    Познатиот египетски град Александрија, кој преживеал инвазии, пожари и земјотреси откако е основан пред повеќе од 2.000 години од Александар Велики, почна да тоне како…

  • Откриено библиско место во близина на Галилејското Море, каде што Исус извршил чудо

    Откриено библиско место во близина на Галилејското Море, каде што Исус извршил чудо

    Археолозите што работат на ископини на северниот брег на Галилејското Море тврдат дека ги откриле урнатините на легендарната населба Витсаида, која во евангелијата се споменува…

  • Спектакуларен облак во форма на печурка се формира над езерото Балатон во Унгарија

    Спектакуларен облак во форма на печурка се формира над езерото Балатон во Унгарија

    Џиновски атомски облак се формирал над унгарското езеро Балатон во селото Алсоорс во петокот, пренесува „Спутник“. Спектакуларниот феномен се нарекува влажен микроизлив. Дел од облакот…

  • Метеор го осветли небото над Торе Гранде (видео)

    Метеор го осветли небото над Торе Гранде (видео)

    На италијанскиот остров Сардинија се случи несекојдневна сцена која е забележана со камера… Метеор влегувајќи во Земјината атмосфера го осветли небото над Торе Гранде, на…

  • Будванската ривиера оваа година ја посетиле туристи од преку 170 земји од светот

    Будванската ривиера оваа година ја посетиле туристи од преку 170 земји од светот

    Будва сѐ поблиска до далечните дестинации Туристи од преку 170 земји од светот престојувале на ривиерата на Будва во секакви видови на сместување од почетокот…

  • Срушен рекордот на најскапо кафе во светот

    Срушен рекордот на најскапо кафе во светот

    Дали сте слушнале за Best of Panama натпреварување, односно настан на кој врвното кафе се проценува и продава на аукција? Па, како дел од традицијата,…

  • Идилична викендица на езерски брег во Швајцарија

    Идилична викендица на езерски брег во Швајцарија

    Сместена на брегот на езерото Турлерсе во Швајцарија, оваа современа викендица од неодамна е создадена како дело на  Wafai Architecture за мало семејство… Овој проект-викендица…

  • Места низ Македонија идеални да се посетат со велосипед

    Места низ Македонија идеални да се посетат со велосипед

    Природните убавини кои ги крие нашата земја се далеку познати, но ретко кој од нас посетил поголем број од истите. Некогаш од немање време, или…