26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА100 највлијателни - ''Timе'' ја објави листата за 2019 година (видео)

100 највлијателни – ”Timе” ја објави листата за 2019 година (видео)

Американскиот магазин “Time” ја објави листата на 100 највлијателни за 2019, а победниците како и досега се класифицирани во неколку категории, од дебитант до титан. На листата на дебитанти има имиња со различен стаж на јавната сцена.

Тука се: актерката Сандра Ох (47), овогодишната добитничка на Златен глобус (“Killing Eve”), во моментов најдобрата тенисерка во светот Наоми Осака (21), кулинарската ѕвезда Самин Нострат (39).

Американскиот магазин “Time” кoj секоја година го прави овој пресек, во неговите пионери ја вклучи и интернет ѕвездата Њину (21). Голем успех постигна Криси Тајгер (33), која исто така се наоѓа во оваа категорија благодарение на своите 23,7 милиони следбеници на Instagram, кулинарското шоу,  популарноста која ја ужива како една од најсмешните светски ѕвезди. Во групата на највлијателните уметници се актерите Двејн Џонсон, Реџина Кинг, Емилија Кларк, Глен Клоуз, оскаровците Махерџала Али и Рами Малек, пејачката Ариана Гранде.

“Time” ја задржа политичката објективност па на листата на лидери ја стави Ненси Пелоси која од 2011 година е претставник на демократите во Претставничкиот дом. Но и претседателот на САД, Доналд Трамп е несомнено влијателна фигура на светската политичка сцена која е честа цел на остри критики.

Меѓу лидерите се и премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн, која го воодушеви светот со сожалувањето кое го покажала поради терористичкиот напад во нејзината земја од пред неколку месеци, папата Френсис, принцот Мохамед бин Зејден. Шведската тинејџерка и активистка за заштита на животната средина Грета Тунберг прескокнала неколку места и на листата на Time дебитирала како лидер.

Во категоријата икона се најде Тејлор Свифт, а во оваа престижна група зазема место и поранешната дама на САД Мишел Обама, уредникот Спајк Ли, новинарката Марија Реса која на Филипините се бори за слобода на медиумите и која поради тоа е во конфликт со филипинскиот претседател Родриго Дутертеом, првично била осудена на казна затвор од 12 години за да во февруари оваа година била заменета со условна казна.

Икона е и Лејди Гага, добитничката на Златен глобус за песната “Shallow” од филмот “A Star is born”, која по бројните успеси и револуцијата која ја изведе на светската музичката сцена оваа година го добива најзначајното признание во кариерата.

Титани со најголемо влијание се египетскиот фудбалер Мохамед Салах, мејк-ап уметничката Пет Мекграт, комесарката на ЕУ за правда, потрошувачките права и родовата еднаквост Вера Јоурова, голф легендата Тајгер Вудс, американскиот продуцент Рајан Марфи, американската телевизиска и кулинарска ѕвезда и најдобрата пријателка на Опра Винфри, Гејл Кинг и Џенифер Хајман, сопственик на компанијата “Rent the runway”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП