MasterCard се соочува со еден од најголемите судски процеси во историјата, и ако го изгуби случајот, тогаш ќе должи на секој корисник во Велика Британија до 300 фунти.
Шокантната судска одлука против американската компанија за финансиски услуги MasterCard, ја отвори можноста за надомест на околу 4,6 милиони Британци кои платиле повеќе провизии.
“Многу сум задоволен од денешната одлука”, изјави британскиот министер за финансии Валтер Мерикс.
“Поминаа речиси 12 години од кога MasterCard јасно кажа дека тие го прекршиле законот со наметнување прекумерни трошоци за трансакции, штетни за потрошувачите во текот на подолг период”, вели Мерикс.
Мерикс додаде дека MasterCard користел “технички правни аргументи кои не се сметаат за заслуги”, што се најдоа пред апелациониот суд.
“Сега е време MasterCard да ја признае штетата и да каже – “извинете” на британската јавност и да го платат надоместокт кои го должат”, вели остро Мерикс.
Сепак, претставниците на MasterCard не се согласуваат со оваа тужба, со образложение дека одлуката не е “конечна”, и дека судот едноставно кажа дека треба да се направи повторно сослушување за одредени прашања.
Мериксs вели дека од 1992 до 2008 година, MasterCard ги оштетил потрошувачите. Разликата е 14,6 милијарди фунти. Ако MasterCard го изгуби случајот, секој потрошувач во Велика Британија за текот на тој периодот ќе треба да биде обештетен.
MasterCard планира да поднесе жалба на одлуката.